ФЗО се враќа на стариот концепт, ќе има само еден директор

Фондот за здравствено осогурување се враќа на стариот концепт и со него нема да раководат двајца директори, туку еден.

Како што беше речено денеска на прес-конференција, ФЗО покрај директор ќе има и заменик-директор.

– Концептот на раководен орган од два директора кои се подеднакво одговорни за работењето на Фондот се напушта и се враќа концептот на директор и заменик на директорот, што постоеше до 2007 година, истакна генералниот директор на Фондот Сашо Клековски.

Тој и генералниот директор Бранко Аџигогов претходно информираа за најновите законски решенија во однос на зголемувањето на бројот на обиди за биомедицинско потпомогнато оплодување (БПО) на товар на Фондот.

Back to top button
Close