Мицкоски за евентуална вмешаност на функционер од ДУИ во пожарите: Има основани сомневања, оставам органите да си ја завршат работата
Имаме одредени информации и основани сомневања, посебно дека она што се случи во Скопје е организирана акција, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговорајќи на новинарско прашање дали можеби знае нешто во врска со шпекулациите во јавноста дека функционер од ДУИ е вмешан во палењето пожари низ земјава.
-Не би сакал детално да зборувам за тоа. Имаме одредени информации и основани сомневања, посебно дека она што се случи во Скопје е организирана акција. Имаме приведени лица и одземени телефони, оставам на органите да си ја завршат својата работа. Но, докопку се потврдат овие основани сомневања, тогаш одредени личности ќе бидат во сериозен проблем, рече Мицкоски, одговорајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на целосната санација на Музејот на вода во Заливот на Коските во Охрид.