Доктор Маја Мојсова најверојатно ќе биде кандидат за градоначалник од СДСМ на Карпош

Доктор Маја Мојсова, поранешната директорка на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) најверојатно ќе биде кандидат за градоначалник на скопската општина Карпош од редовите на СДСМ, неофицијално дознава ” Фокус”.

Според нашите информации, се очекува во текот на утрешниот ден да биде официјално објавена и нејзината кандидатура, откако ќе помине на Централен одбор.

Доктор Мојсова беше и национален координатор за трансплантација, како и претседател на Здружението на лекари по анестезија, реанимација и интензивно лекување, а јавноста одблиску ја запозна како главен анестезиолог во тимот што ја спроведе првата трансплантација на срце и тоа во услови на Ковид-19.

Таа е позната уште од времето на штрајкот на лекарите во 2012 година, кога тогашниот премиер Никола Груевски и екс министерот за здравство Никола Тодоров го воведоа проектот плаќање по успешност.

Во тој период повеќето од лекарите се спротивставија и излегоа на масовен штрајк, кој траеше повеќе од 50 дена.

Мојсова во трката за Карпош  ќе му се спротивстави на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски, кој доаѓа од приватниот бизнис.

Back to top button
Close