Кривична пријава за два обида за убиство, тешки кражби и поседување оружје, лишено од слобода едно лице

СВР Битола поднесе кривична пријава против Г.П.(29) од село Ангелци, општина Василево, осомничен за сторени две кривични дела „убиство“ во обид, три „тешки кражби“ и едно кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со огнено оружје или распрскувачки материи“.

Како што соопшти МВР, во периодот од 2 до 7 јули 2025, во атар на битолското село Крклино пријавениот влегол во две викенд куќи, не одзел ништо и причинил материјална штета, додека во село Долно Српци, општина Могила, со употреба на сила влегол во куќа и одзел ловечка пушка калибар 16 мм и две туби со гориво.

-На 7 јули 2025, исто така во атар на село Долно Српци, пукал со пушката кон 22-годишник и двајца малолетници на возраст од 15 и 16 години, а потоа на влез од село Вашарејца се обидел да пука кон полициски службеници, но не успеал, по што тие пукале и го погодиле во ногата и бил лишен од слобода, информира Министерството за внатрешни работи.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close