ДУИ: Со конкурсите пред избори Владата манипулира со граѓаните
Демократската унија за интеграција ја смета објавата на над 730 јавни конкурси во пресрет на изборите како отворен и очаен обид на Владата да ги манипулира граѓаните и да обезбеди политичка поддршка во пресрет на неминовниот пораз кој ја очекува во октомври.
По една година неуспешно владеење во секоја насока – без вистински реформи, без напредок во евроинтеграциите, без економски развој, без подобрување на животниот стандард и со спектакуларни неуспеси во надворешната политика – оваа Влада се обидува да ги прикрие неуспесите со веќе видени методи: предизборни вработувања во администрацијата.
Објавените конкурси, наместо да бидат алатка за изградба на функционални и професионални институции, се претвораат во изборни средства, дизајнирани за да создадат илузија дека „Владата работи“, иако во реалноста таа не успева на секое поле.
Ова е уште еден во низата обиди за измама на граѓаните, третирајќи ги како бројки во изборна кампања и обидувајќи се да обезбеди поддршка преку тесни клиентелистички интереси. Но граѓаните ја знаат вистината. Тие јасно ја гледаат целта зад ваквите потези.
ДУИ е убедена дека претстојните избори ќе бидат референдум на граѓаните против оваа манипулативна и неспособна политика – можност за казнување на лошото владеење, неспособноста и ароганцијата што му носи години стагнација на државата.
Ниту еден конкурс оставен незавршен до изборите нема да може да ја врати довербата на граѓаните во власт која ги изневери нивните очекувања и потфрли во секоја јавна обврска.
Граѓаните не се манипулираат. Граѓаните судат. А пресудата ќе биде јасна во октомври.