МЗ со препораки за најавениот топлински бран во следните денови

Министерството за здравство ја информира јавноста дека, согласно најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во периодот од 20 до 24 јули 2025 година се очекува значително зголемување на дневните температури, кои во одделни региони може да достигнат и до 41°C.

По тој повод, потсетуваме за почитување на општите препораки за заштита на населението од високи температури:

-Престојувајте во затворени, разладени простории, особено во периодот од 11:00 до 17:00 часот.

-Внесувајте доволно течности, избегнувајќи алкохол и засладени пијалоци.

-Носете лесна, светла облека и користете заштита за глава и очи.

-Избегнувајте физичка активност во најтоплите часови од денот.

-Посветете внимание на деца, стари лица, лица со хронични заболувања и бремени жени – овие групи се особено чувствителни на високи температури.

-Во случај на симптоми како вртоглавица, главоболка, гадење или забрзан пулс – веднаш побарајте медицинска помош.

-Одложете активности на отворено во најтоплиот дел од денот.

-Обезбедете микроклиматски услови (разладени простории со температура до 25°C) на работното место и во домот.

Министерството внимателно ја следи состојбата на дневна основа и ќе постапува согласно проценките и потребите

Back to top button
Close