Кисела Вода ќе добие нов градоначалник: Горан Трајковски Штраус ќе биде кандидатот на СДСМ
Опозициската СДСМ попладнево ќе одржи седница на Извршниот одбор, каде една од точките ќе биде и номинирањето на кандидати за градоначалници на десеттина општини.
Од сигурни партиски извори, Информа.мк дознава дека кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ за Кисела Вода ќе биде Горан Трајковски – Штраус, кој претходно беше директор на Државен пазарен инспекторат.
Актуелниот градоначалник на Кислеа Вода, Орце Ѓорѓиевски ќе биде кандидат за Град Скопје, што значи и дека оваа општина ќе добие нов градоначалник.
Останува да се види кои кандидати ќе бидат од останатите партии.
Оваа одлука треба да биде потврдена во текот на денот од Венко Филипче на прес конференција во партијата на СДСМ.