Чешмите протекоа: Детската клиника Козле доби вода
Проблемот е саниран, попладнево протекоа чешмите во Детската болница Козле.

Информацијата за Сител ја потврдила и директорката на болницата.
По интервенцијата на надлежните од Водовод и канализација клиниката се враќа во нормално функционирање.
Пред решавање на проблемот претходеше и реорганизација на пациентите, поточно за хоспитализација се носеа во Детска клиника, а потешките случаи и на Клиниката за инфективни болести.