Велешанец со БМВ влечел „пинцгауер“ во дефект, сообраќајка на регионалниот пат Штип – Велес, има тројца повредени
Вчера околу 23 часот на регионалниот пат помеѓу Штип и Велес се случи сообраќајна несреќа во која учествувале три возила, а повредени се тројца лица.
Во несреќата биле вклучени патничко возило „тојота“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.И. (66) од Велес, возило „лада“ од село Башино Село управувано од Л.Б. (31), како и патничко „бмв“ со велешки таблички, кое го управувал Д.М. (31) од Велес. Овој последен автомобил го влечел возилото „пинцгауер“ — модифицирано борбено возило за гаснење пожари, сопственост на Дирекцијата за заштита и спасување.
Во сообраќајката, со тешки телесни повреди се здобија возачот на „тојота“ и неговата сопатничка К.И. (64) од Велес, додека возачот на „бмв“, Д.М., се здобил полесни повреди. Сите повредени се пренесени во Општата болница во Велес.
Увид на местото на несреќата изврши увидна екипа од СВР Велес