Израелската армија упадна во складиштата на СЗО во Појасот Газа
Израелската војска упаднала во складишта и други објекти на Светската здравствена организација (СЗО) за време на нејзиното напредување во Појасот Газа, изјави генералниот директор Тедрос Аданом Гебрејесус.
Тедрос во изјава рече дека резиденцијата на персоналот на СЗО во Деир ал-Балах, во централниот дел на Појасот Газа, вчера „била нападната трипати, како и нејзиното главно складиште“.
– Израелската војска влезе во објектите, принудувајќи ги жените и децата да се евакуираат пеш кон Ал-Маваси среде активен конфликт, се вели во соопштението.
– Машкиот персонал и членовите на семејствата беа врзани со лисици, соблечени, испрашувани на самото место и прегледани под закана со оружје. Двајца вработени во СЗО и двајца членови на семејствата беа приведени. Тројца подоцна беа ослободени, додека еден вработен останува во притвор, информира СЗО.
Организацијата бара ослободување на притворениот вработен, пренесе ДПА.
Тедрос изјави дека главното складиште на СЗО за Појасот Газа, кое се наоѓа во Деир ал-Балах, исто така било оштетено во неделата „кога напад предизвикал експлозии и пожар внатре“.
– Како водечка агенција за здравство, компромитирањето на операциите на СЗО ја осакатува целокупната здравствена реакција во Газа, рече Тедрос. „Прекинот на огнот не е само неопходен, туку е и одамна задоцнет“, додаде тој.
Израелската армија првично не ги коментираше инцидентите.
Војската влезе во југозападниот дел на Деир ал-Балах во вчера наутро за да се бори против палестинската милитантна организација Хамас. Претходно повика илјадници Палестинци да ги напуштат погодените населби во правец на Ал-Маваси.
Израел претходно се воздржа од воени акции во Деир ал-Балах, бидејќи постоеше сомнеж дека таму се наоѓаат заложници киднапирани од Хамас.
Ал-Маваси во југозападниот дел на конфликтната област претходно во војната беше означена од Израел како „хуманитарна зона“. Меѓутоа, израелската војска оттогаш повеќе пати нападнала и таму