Ѓаволот се шета низ Скопје и по болници, а МВР го бара со меѓународна потерница

Љупчо Пецов Ѓаволот, познато име во обвинителско-судската евиденција, кој е осомничен во случајот „Синџир“ и за кого постапката беше прекината бидејќи беше во бегство, се шета низ Македонија додека Министерството за внатрешни работи официјално го бара во други држави со распишана меѓународна потерница, пренесува „Слободен печат”.

.

Неофицијални информации дека Пецов – Ѓаволот е во Македонија и тоа слободен за слободен печат, ја потврдиле од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Неговиот адвокат Фехми Стафа до Кривичниот суд минатата недела поднел барање да му биде заменет притворот со куќен притвор, наводно во негово отсуство, за што понудил гаранција и документација од официјални државни институции.

Кривичниот суд побарал од Обвинителството да достави мислење по предлогот на одбраната, но Обвинителството од документите сфатило дека Пецов бил во Македонија. За тоа од Обвинителството обезбедиле и видео на кое се гледа Ѓаволот.

Повеќе

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close