Обвинение за возачот што со слепило од 99 отсто и без дозвола усмрти жена на патот Пепелиште – Неготино со камион

За време на истражната постапка, како што се вели во обвинението, тој успеал и да ја продолжи возачката дозвола. Од тие причини, кавадаречното обвинителство, побара да се изврши проверка на начинот како обвинетиот ја стекнал возачката дозвола и инвалидската пензија, како да се испита веродостојноста на медицинската документација

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Кавадарци поднесе обвинение против возачот што на 3 декември 2024 година со камион и истечена возачка дозвола, но и со утврдена попреченост – слепило од 99 отсто усмрти жена на регионалниот пат Пепелиште – Неготино.

Се гони за делото – тешки дела против безбедноста во сообраќајот.

Според образложението на обвинението за настанот, обвинетиот на 3 декември 2024 година на регионалниот пат Пепелиште – Неготивно управувал товарно моторно возило марка „цитроен џампер“ со истечена возачка дозвола и покрај тоа што имал утврдена попреченост – слепило, со 99 отсто намалена видна функција.

 

 

„На критичното место ‘Лаки‘ со ретровизорот од камионот удрил во главата на пешакот Ангелина Ангелова, која од ударот е отфрлена од патот и и се нанесени тешки телесни повреди, како сршување на черепот, пршлени и повеќе коски од што починала“,

 

велат од Обвинителството.

Кај оштетената, пак, е утврден одреден пропуст, бидејќи имала можност визуелно да го забележи товарното возило и навреме да го избегне. Но, тој пропист, според извршеното вештачење е од секундарен карактер.

 

Дополнително, во текот на истрагата, ОЈО Кавадарци утврдило дека обвинетитот е корисник на инвалидка пензија и додаток за попреченост, но сепак, управувал со возило.

За време на истражната постапка, како што се вели во обвинението, тој успеал и да ја продолжи возачката дозвола.

Од тие причини, кавадаречното обвинителство, побара да се изврши проверка на начинот како обвинетиот ја стекнал возачката дозвола и инвалидската пензија, како и да се испита веродостојноста на медицинската документација.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close