Лазања со зеленчук и моцарела
Знаеме дека лазањите се омилено јадење за многу луѓе. За да бидеме сигурни дека никогаш нема да ни здодее, ви нудиме шармантна верзија со зеленчук и моцарела, готова за помалку од еден час. Тоа е одличен брз семеен ручек.
Состојки (за 4 лица):
200 грама кељ
300 грама моркови
20 грама путер
100 мл павлака за готвење
40 грама рендан пармезан
200 грама моцарела
12 листови лазањи
Подготовка:
Излупете го зеленчукот и исечете го на тенки парчиња. Пржете ги кратко во врел путер, додадете малку вода и варете додека зеленчукот не се свари на половина, додадете ја павлаката. Потоа додадете 2 лажици пармезан, а моцарелата исечете ја на парчиња. Ставете ред листови лазањи во тава за печење, ред зеленчук во сос, наредете ги парчињата моцарела, ставете уште еден слој листови лазањи и повторете го процесот додека не се потроши целата содржина. Покријте го последниот ред лазањи со преостанатиот сос и наросете со преостанатиот пармезан. Печете ги лазањите околу 30 минути во рерна загреана на 180 °C.
Сервирање:
Лазањите малку изладете ги, исечете ги на помали или поголеми коцки, декорирајте со босилок и послужете.