Видео: Полицијата во Белград употреби солзавец за да растера демонстранти

Пиротехнички средства беа испукани вечерва од приврзаници и симпатизери на владејачката СНС кон демонстранти во Белград кои протестираат на потегот меѓу ГШ и Владата, во близина на центарот на градот.

Полицијата и жандармеријата ги потиснуваат демонстрантите откако групата почна да фрлаат пиротехнички средства.
Белградски медиуми јавија дека полицијата употребила солзавец за да растера демонстранти.

Меѓу поддржувачите на СНС има голем број маскирани мажи со дрвени палки во рацете.

Демонстрантите и поддржувачите на СНС во близина на владата продолжуваат да фрлаат пиротехнички средства и шишиња.

 

 

Неколку кордони на жандармеријата и полицијата во опрема за разбивање на демонстрации ги одвоија учесниците на протестот што започна пред Генералштабот од поддржувачите на Српската напредна странка кои беа недалеку од нивните простории.
Демонстрации вечерва против властите има во 20-на градови низ Србија

Back to top button
Close