(Видео) Судири на демонстрантите и полицијата и пред Генералштабот во Белград

На социјалните мрежи вечерва се појавија снимки и објави за, како што се наведува, „почеток на хаосот“ пред Генералштабот во Белград.

Според описите, полицијата се повлекла кон Савски венец, по што следел напад од приврзаници на Српската напредна странка (СНС) со пиротехнички средства и палки кон демонстрантите.

Информациите засега не се официјално потврдени, а медиумите јавуваат дека ситуацијата околу зградата на Генералштабот е напната, со присуство на полиција и групи демонстранти.

 

Back to top button
Close