Двајца повредени во пукотница во близина на џамија во Шведска
Најмалку две лица се повредени во пукотница во близина на џамија во Еребро, мал град во Шведска, соопшти полицијата.
Во моментов е во тек голема полициска операција за апсење на сторителот, а граѓаните се повикуваат да не доаѓаат во областа.
На местото на настанот се наоѓаат седум амбулантни возила.