Самит во Анкореџ: Тимови за безбедност спречуваат закани и шпионажа


Кратко пред американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин да седнат на преговарачка маса, двајцата лидери се опкружени со строг безбедносен протокол кој има цел да ги заштити не само од физички закани, туку и од меѓусебна шпионажа, пренесува CNN.

Поради итната организација на самитот, оваа недела во Анкореџ пристигнаа бројни федерални агенти и воен персонал задолжен за обезбедување на вакви настани со висок ризик. Главниот товар на осигурувањето го носи американската Тајна служба, но таа тесно соработува со безбедносниот тим на Владимир Путин.

Дополнителното ниво на заштита го потврдуваат и податоците од интернет-услугите за следење летови, кои забележале дека утрово од локалниот аеродром полетал воен извидувачки авион Boeing E-3C, препознатлив по големата радарска купола, способен да открие воздушни закани, вклучително и авиони и проектили.

Иако американските и руските тимови соработуваат во физичкото обезбедување на лидерите, зад кулисите се води „паралелна битка“ – заштита од техничко прислушување и компромитација.

„Нема ни грам доверба меѓу разузнавачките служби“, изјавил висок безбедносен извор кој учествувал во обезбедување на слични состаноци. Според него, руската делегација веројатно користи „burner“ телефони и еднократни лаптопи за да избегне американско прислушување, а членовите добиваат детални инструкции за мерките на претпазливост.

„Но, на Путин не му треба таква обука“, додал изворот, потсетувајќи дека рускиот претседател е поранешен офицер на КГБ.

Back to top button
Close