Канадскиот премиер ја поздрави подготвеноста на САД за безбедносни гаранции за Украина

Канадскиот премиер Марк Карни ја пофали „подготвеноста на САД да обезбедат безбедносни гаранции за Украина“ во рамките на договорот за прекин на војната на Русија против Украина.

„Сигурните и доверливи гаранции се клучни за праведен и траен мир. Ја поздравувам подготвеноста на САД да обезбедат безбедносни гаранции како дел од напорите на ‘Коалицијата на подготвените’“, се вели во изјавата на канадскиот премиер.

„Лидерството на претседателот (Доналд) Трамп и на Соединетите Американски Држави создава можност за ставање крај на незаконската војна на Русија во Украина“, додаде Карни.

Back to top button
Close