Нетанјаху негодува: Протестите за прекин на војната во Газа ја зајакнуваат позицијата на Хамас

Протестите на Израелците кои бараат прекин на војната во Појасот Газа и преговори за ослободување на заложниците ја зајакнуваат позицијата на Хамас, изјави денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

-Оние кои денеска повикуваат на прекин на војната без пораз на Хамас не само што ја зајакнуваат позицијата на Хамас и го одложуваат ослободувањето на нашите заложници, туку и гарантираат дека ужасите од 7 октомври ќе се повторат одново и одново и дека ќе мора да водиме бесконечна војна, рече Нетанјаху за време на неделниот состанок на неговиот воен кабинет.

Илјадници луѓе синоќа излегоа на улиците низ Израел за да побараат договор за прекин на огнот со кој ќе се гарантира ослободување на луѓето земени како заложници за време на нападот на Хамас на израелска територија на 7 октомври 2023 година, што ја предизвика војната.

Back to top button
Close