Тројца загинати и осуммина повредени во престрелка во ноќен клуб во Њујорк
Најмалку три лица се убиени, а осум се повредени во пукотница во клубот „Tastes of the City Bar“ во Бруклин, Њујорк, соопшти денеска њујоешката полиција.
Полициската комесарка во Њујорк, Џесика Тиш, на прес-конференција изјави дека жртви се тројца мажи, на возраст од 27, 35 години и една со непозната возраст, но не ги откри нивните имиња.
Осум повредени лица биле итно префрлени во блиските болници во непозната состојба кратко време по пукотницата, која се случила околу 3:27 часот утринава.
Не се идентификувани осомничени и не се извршени апсења.
Тиш рече дека на местото на настанот на адресата Франклин Авенија 903 се пронајдени 36 чаури.
Таа додаде дека пукањето било „ужасно“, но нагласи дека тоа е аномалија во услови на пад на статистиката за криминал во Њујорк.
-Имаме најмал број инциденти со пукање и жртви од пукање во Њујорк за седум месеци од годината. Нешто вакво е, секако, фала му на Бога, аномалија и тоа е ужасна работа што се случи утрово.“сд/
фото: Х