Граѓаните до полицајците: „Апсете го Вучиќ, а не нашите деца“ gq77Граѓаните до полицајците: „Апсете го Вучиќ, а не нашите деца

Протестите со тензии и инциденти во Србија шести ден по ред не престанува во неколку српски градови.

Во Ниш, протестот започна пред полициската станица поради апсењето на четири студенти кои учествувале во претходните демонстрации. Демонстрантите не можеа да стигнат до зградата поради полициски кордон и силно присуство на жандармерија. Толпата скандираше „Пуштете ги нашите деца“ и „Апсење на Вучиќ“ кон полицајците.

Во Нови Сад, луѓето се собраа пред зградата на Ректоратот на студентскиот кампус, а претходно во текот на денот и пред судот. Таму, причина за незадоволството беше испрашувањето на шест лица приведени за напад врз припадници на специјалните сили Кобра за време на протестите во среда. Тие се обвинети за „обид за тешко убиство“.

 

Протестите траат веќе шеста ноќ и често се придружени со судири меѓу демонстрантите и полицијата. Тие се реакција на инцидентите во Врбас и Бачка Паланка, кога провладините поддржувачи нападнаа демонстранти, додека полицијата, според граѓаните, не презеде ништо за да ги спречи нападите.

Back to top button
Close