Три деца повредени во судир на автобус-  Девојче од 9 години во тешка состојба, повредени и патници од Турција и Скопје

Тројца малолетници – девојче од 9 години од Турција, 13-годишно момче од Скопје и 11-годишно дете од кичевското село Стрелци – се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи на магистралниот пат Кичево–Гостивар кај селото Длапкин Дол. Во несреќата повредени се и 44-годишен патник од Турција и 46-годишна жена од Скопје, соопшти МВР.

Несреќата се случила меѓу патничко возило „Ауди“ со кичевски регистарски ознаки управувано од 44-годишниот К.К. од селото Стрелци, патничко возило „Форд“ со скопски регистарски таблички управувано од 47-годишниот К.П. од Скопје и автобус „Сетра“ со скопски регистарски ознаки што го управувал 39-годишниот А.Ј. од Скопје.

Покрај девојчето кое е тешко повредено, во несреќата со телесни повреди се здобиле уште четворица патници: 44-годишниот Ф.А.Д. од Турција, исто така патник во автобусот, 13-годишно момче од Скопје и 46-годишната И.П. од Скопје – сопатници во „Фордот“, како и 11-годишно дете од селото Стрелци, кичевско, сопатник во „Ауди“-то.

Повредените се пренесени во Медицинскиот центар во Кичево, каде што им биле констатирани повредите.

Од МВР информираат дека за случајот бил известен јавен обвинител, а увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од ОВР Кичево

Back to top button
Close