Грчката полиција на аеродромот во Атина уапси маж кој проголтал 100 пакувања со кокаин
Припадници на Секторот за борба против организиран криминал на грчката полиција, на меѓународниот аеродром во Атина уапсиле маж од Бразил, според грчките медиуми, кој се обидел да пренесе 100 пакувања со кокаин, што претходно ги проголтал, а вкупната тежина е околу еден килограм, јави дописничката на МИА од Атина.
Според истите информации секое од пакувањата било со тежина од околу 11 грама, а станува збор за кокаин што бил 90 отсто чист.
Мажот во Атина пристигнал авионски од Париз