Шкендија со пресврт го совлада Лудогорец

Фудбалерите на Шкендија го совладаа вечерва бугарски Лудогорец со 2-1 во Скопје во првиот натпревар од плејофот за пласман во групната фаза во лига Европа.

Лудогорец дојде во водство од својата прва шанса на арената „Тодор Проески“ кога Дерој Дуеарте искористи грешка во одбраната на Шкендија и биеше прецизно во 17 минута.

Шкендија беше рамноправен противник во првото полувреме и откако не искористите две – три идеални шанси за гол, го израмни резултатот во 35 минута со прекрасен гол на Линдон Љатифи од слободен удар.

Шкендија и во второто полувреме продолжи со офанзивна игра која резултираше со гол на капитенот Бесарт Ибраими по еден час игра.

Македонскиот шампион го зачува водство во завршните 30 минути и со гол предност ќе патува на реваншот на 28 август во Разград.

Поуспешниот од пресметката меѓу Шкендија и Лудогорец ќе игра во групната фаза во Лига Европа, додека поразениот ќе ги продолжи настапите на европската сцена во групната фаза во Конференциската лига.

Back to top button
Close