Десет земји немаат коронавирус, но се економски погодени
Пандемијата на коронавирусот го зафати целиот свет, освен 10 земји каде нема вирус, но нивните економии се силно погодени, пренесува Би-Би-Си.
Земји без евидентирани случаи на Ковид-19 се Палау, Микронезија, Маршалските острови, Науру, Кирибати, Соломонските острови, Тувалу, Самоа, Вануату и Тонга.
Би-Би-Си наведува дека во 2019 година Палау го посетиле околу 90.000 туристи, што е за петпати повеќе од вкупното население.
Во 2017 година, според податоците на ММФ, туризмот учествуваше со 40 проценти од БДП на земјата.
Поради пандемијата, границата со Палау е затворена од крајот на март, така што, иако нема ниту еден заразен, вирусот ја осиромаши земјата.