Скај њуз: Повеќе од 10 проценти од електронските цигари што ги користат ученици ја содржеле дрогата „спајс“
Нова студија за е-цигари запленети од училишта во Велика Британија покажа дека повеќе од десет проценти од нив содржеле синтетичка дрога „спајс“, што се однесува на широк спектар на билни мешавини кои создаваат искуства слични на марихуана, јави Скај њуз.
Полицијата заплени речиси 2.000 пакувања течност за е-цигари од 114 средни училишта во Англија, а по тестирањето, беше откриено дека околу 13 проценти од нив содржеле „спајс“.
Скај њуз наведува дека нелегалните течности за е-цигари, честопати со светла боја, се рекламираат на TikTok, Facebook и Instagram како THC, психоактивната компонента на канабисот која е забранета во Велика Британија, но многу од нив всушност се направени од „спајс“, дрога која е многу поевтина за производство.