Српската гувернерка Табаковиќ тврди дека од 15 септември банките ќе ги намалат каматните стапки на кредитите повеќе од пропишаното
Гувернерката на српската Народна банка,Јоргованка Табаковиќ изјави дека, освен Поштенската штедилница (ПБШ), и некои други банки објавиле дека ќе ги намалат каматните стапки на кредитите под очекуваните нивоа пропишани од Народната банка на Србија (НБС) како дел од мерката за намалување на каматните стапки на готовинските, потрошувачките и станбените кредити, како и за рефинансирање на постојните кредити.
„Банките, како што видовме во примерот на БПШ, можат да ги намалат каматните стапки дури и под нашите очекувања, а имаме најави дека и некои други банки ќе го сторат истото. Создавањето најдобри можни услови за кредитирање е во заеднички интерес и на банките и на клиентите, со што се зачувува довербата во банкарскиот сектор, и очекуваме банките да го препознаат тоа“, рече Табаковиќ во интервју за денешен Курир.
Зборувајќи за придобивките што ќе ги имаат граѓаните од пониските каматни стапки на кредитите, таа ги повика да ја искористат можноста и од 15 септември, кога банките се обврзани да излезат со нови понуди за поволни кредити, да го земат кредитот што им е потребен за да го подобрат својот животен стандард.