Папата прогласи тинејџер за светец

Папата Лав XIV денес го прогласи тинејџерот Карл Акутис (15), кој ја користел модерната технологија за ширење на верата и бил наречен „Божји инфлуенсер“, за прв светец на Католичката црква од генерацијата на „миленијалците“, јавија медиумите.

Папата го канонизираше Карло Акутис, кој починал во 2006 година, за време на миса на отворено на плоштадот Свети Петар во Ватикан, на која присуствуваа десетици илјади луѓе, многу од нив млади луѓе и парови со мали деца.

Акутис отворил веб-страница за неговата локална парохија, а подоцна и за академија со седиште во Ватикан. Тој, исто така, ги користел своите компјутерски вештини за да создаде онлајн база на податоци за евхаристиски чуда низ целиот свет, достапна на дваесетина јазици.

Акутис бил познат по тоа што секој ден поминувал часови во молитва пред Евхаристијата, практика позната како Евхаристиско обожавање.
Во октомври 2006 година, на 15-годишна возраст, тој се разболел од акутна леукемија и починал во Монца, во рок од неколку дена од дијагнозата.

Неговото тело е погребано во Асизи и е изложено заедно со други реликвии поврзани со него.

За време на првата канонизирачка миса од неговиот понтификат, Лав XIV го канонизираше и Пјер Џорџо Фрасати, кој исто така починал млад.

Извор: infomax.mk

Back to top button
Close