Аналена Бербок ја презема претседателската функција на Генералното собрание на ОН
Поранешната шефица на германската дипломатија, Аналена Бербок, денеска и официјално ќе ја преземе функцијата претседател на Генералното собрание на ОН, јави ДПА.
На почетокот на 80-тата сесија на ГС на ОН во Њујорк таа го презеде раководењето со асамблејата од Филемон Јанг, поранешен премиер на Камерун.
Бербок беше избрана на оваа едногодишна функција во јуни со огромно мнозинство, и покрај кампањата на Русија за да ја попречи нејзината кандидатура.
Оваа 44-годишна политичарка од Зелената партија, до мај годинава беше германска министерка за надворешни работи, а е само петтата жена што ја извршува оваа функција.
Позицијата е во голема мера церемонијална и не треба да се меша со улогата на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, појаснува ДПА.
Бербок ќе претседава со седниците на Генералното собрание и ќе помага во одредувањето на дневниот ред и процедуралните правила за состаноците