Српската опозиција бара воведување на санкции против Вучиќ
Претставници на пет опозициски партии од Србија во Стразбур побараа од ЕУ воведување санкции против претседателот Александар Вучиќ и високи државни функционери.
Копретседателката на Зелениот лев фронт, Билјана Ѓорѓевиќ, истакна дека бараат замрзнување на средства и забрана за патување за оние што ја поддржале полициската бруталност врз демонстрантите. Протестите во Србија траат десет месеци, со барања за одговорност за смртта на 16 лица во Нови Сад и обвинувања за полициска сила, што властите го отфрлаат.
На панел-дискусијата „Србија: Демократија на крстопат“ беше побарано санкциите да ги опфатат и премиерот Ѓуро Мацут, претседателката на парламентот Ана Брнабиќ и министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ.
Српскиот шеф на дипломатијата, Марко Ѓуриќ, оцени дека ваквите повици „ѝ штетат на Србија“ и ѝ одат во прилог на „пропагандистите што сакаат да ја прикажат земјата како незрела и деспотска“.
Темата за протестите и употребата на сила ќе биде дел и од пленарната расправа на Европскиот парламент, на иницијатива на групата социјалисти и демократи