Kолачи од урми и морков
Подгответе мешавина од урми, моркови, ореви, мусли и зачини. Формираните топчиња извалкајте ги во кокос и изладете ги. Може да се чуваат во фрижидер до две недели.
Состојки:
1 чаша урми без семки (240 мл)
1/3 чаша рендан морков (80 мл)
1 чаша ореви (240 мл)
150 грама мусли од чиа и спелта
½ лажичка мелен цимет
¼ лажичка мелено морско оревче и прстофат сол
1 ванилин шеќер
½ чаша кокос (125 мл)
Подготовка:
Ставете ги сите состојки во садот на електричен процесор за храна: урми (потопени доколку е потребно), моркови, ореви, мусли, цимет, морско оревче, сол и ванилин шеќер. Добро измешајте за да се распрснат состојките и да се соединат во смеса. Користејќи лажица, формирајте топчиња од смесата. Секое извалкајте го во кокос.
Ставете ги топчињата во фрижидер да се стегнат најмалку еден час.
Совет:
Користете чаша од 240 мл за мерење