Стевчо Јакимовски повторно ќе се бори за градоначалничката фотелја во Карпош

Актуелниот градоначалник на општина Карпош, Стевче Јакимовски, денеска официјално ја објави својата нова кандидатура за градоначалник на претстојните локални избори.

Со ова, тој влегува во трка за уште еден мандат, откако претходно неколку пати ја извршуваше функцијата прв човек на Карпош.

Тој изјави дека долго размислувал дали повторно да се кандидира, но се решил поради неколку причини.

Според него до сега не се појавила доволно силна понуда, а другата причина е што според него во Советот тешко дека некој ќе може да постигне мнозинство, па оттаму потребно е да дојде искусен градиночалник.

Како први приоритети во новиот мандат, Јакимовски порача дека ќе му биде решавање на проблемот со паркирањето како и зауздување на надградбите на индивидуалните куќи во мали колективни станбени објекти.

Back to top button
Close