„Не е толку голема грешка“, рече Бугарскиот министер за внатрешни работи откако наместо македонски власти рече српските власти

Бугарија нема да ја екстрадира 23-годишната Ива Михаилова од Кочани, по која Македонија распиша меѓународна потерница, изјави бугарскиот министер за внатрешни работи Иван Демерџиев во интервју со бугарскиот новинар Мартин Карбовски.

Михаилова е обвинета за учество во сообраќајна несреќа во која животот го загуби 33-годишниот Бесим Дурмиши.

Во интервјуто Демерџиев повторил дека Бугарија ниту ја бара Михаилова ниту има намера да ја екстрадира. Притоа, наместо македонските власти, рече дека Бугарија нема да ја предаде Михаилова на „српските власти“.

На прашањето на новинарот дали станува збор за случајна грешка или намерно споменување на Србија, Демерџиев одговорил дека погрешил, но дека тоа не било „толку голема грешка“.

Back to top button
Close