Нови правила за влез во ЕУ од 12 октомври
Системот за влез и излез на Европската Унија ќе започне со постепен старт од 12 октомври. Оваа одлука е чекор што се презема со цел да се зајакне сигурноста на сите точки за влез во ЕУ. Евроамбасадорот Михалис Рокас денес изјави дека имплементацијата ќе биде постепена, но исто така ќе го олесни процесот на влез во ЕУ.

Во пракса, како што објасни Рокас, тоа имплицира дека државјаните од земји кои не се членки на ЕУ ќе треба да се регистрираат еднаш со отпечатоци од прсти и фотографии.
-Во пракса, како што појасни Рокас, тоа значи дека граѓани од трети земји ќе треба еднаш да се регистрираат со фингерпринт и фотографии, но откако ова еднаш ќе се направи, следниот влез ќе може да се користи автоматскиот влез на аеродромите и тн“, истакна евроамбасадорот.
Рокас, исто така, потенцираше дека другиот систем, ЕТИАС, не е идентичен и не треба да предизвика забуна со системот за влез/излез. За неговата примена ќе има навремени информации