Атентат врз поддржувачот на Трамп: кој беше Чарли Кирк?

На отворена сцена беше застрелан американскиот активист Чарли Кирк. Напаѓачот е во бегство. Како подкастер, Кирк се залагаше за конзервативни вредности – и за претседателот Трамп, кој го нарекуваше патриот.

Атентатот врз десничарско-конзервативниот активист Чарли Кирк се случи за време на настап на универзитетот Јута Вали во градот Орем. На социјалните мрежи се споделуваат видео снимки на кои се гледа како Кирк говори на мала сцена. Потоа се слуша истрел и 31- годишниот Кирк си го допира вратот од кој блика крв. Сторителот испукал еден единствен истрел од покрив од околу 180 метри оддалеченост, наведува Бо Мејсон, комесар за јавна безбедност на Јута. „Инцидентот се случил среде голема толпа народ“, вели тој и додава дека е испукан еден истрел, а имало една жртва. „Сторителот е во бегство. Сметаме дека се работи за напад во кој едно конкретно лице е таргетирано“, дополнува Мејсон. Кирк бил пренесен во болница, но им подлегнал на повредите.

 

Кирк сакаше да се конфронтира

Успешната радио личност и подкастер Кирк беше шеф и ко-основач на организацијата „Пресвртна точка САД“, која се залага за ширење на многу конзервативни ставови во средните училишта, колеџите и универзитетите. Таа брои повеќе од четврт милион членови студенти.

Кирк често имаше јавни настани на универзитетските кампуси и радо влегуваше во дискусии со лица кои застапуваат поинакви мислења од него. Неговото мото гласеше „докажи ми дека грешам“, односно демантирај ме. И тоа го правеше доста контроверзно – со критика за програмите за еднакви можности за студенти од посиромашни семејства, ги негираше климатските промени и тврдеше дека во 2020 година всушност Доналд Трамп победил на претседателските избори. Тој ја бранеше и својата листа за следење на професори – онлајн база на податоци во која студенти може да дискредитираат професори со левичарска ориентација.

 

Кирк инсистира на слобода на говорот

Наративот на Кирк притоа гласеше дека ние – и само ние – се бориме за слободата на говорот. „Страната што верува во слободата на говорот е страната за која сметам дека е на правото место. Дали некогаш се случило либерал да одржи отворен настан на кампус каде што конзервативни студенти можеле да му поставуваат прашања и да се чувствуваат почитувани?“, праша тој. Конзервативниот активист ги користеше практично сите главни платформи на социјалните медиуми за да мобилизира млади луѓе за конзервативни вредности. Тоа беше и голема поддршка за Доналд Трамп за време на последната изборна кампања. Кирк важи за добро конектиран во рамките на администрацијата на Трамп. Затоа, по нападот, американскиот претседател во објава на неговата платформа Социјална вистина побара луѓето да се молат за Кирк а подоцна и ја потврди неговата смрт.

Американскиот десничарски активист Чарли Кирк, во бела кошула и темно сини костум и вратоврска во едната рака држи микрофон а во другата црвена капа на која на англиски јазик пишува: Да ја направиме Америка повторно големаАмериканскиот десничарски активист Чарли Кирк, во бела кошула и темно сини костум и вратоврска во едната рака држи микрофон а во другата црвена капа на која на англиски јазик пишува: Да ја направиме Америка повторно голема

 

Трамп ја обвинува политичката левица

Трамп објави видео клип во кој Кирк го нарекува голем патриот – и индиректно ја обвинуваполитичката левица за атентатот врз активистот. Самиот Кирк на своите настани постојано зборуваше за големиот број смртни случаи предизвикани од огнено оружје во САД. „Мислам декацената што за жал ја плаќаме секоја година со по некои смртни случаи од огнено оружје вреди за да може да го зачуваме Вториот амандман на Уставот за заштита на другите наши права дадени од Бога“, рече Кирк. Вториот амандман за граѓаните на САД го гарантира правото на носење оружје.

Инаку, сега веќе покојниот Кирк зад себе остава сопруга и две многу мали деца.(dw)

Авторка на текстот: Ане Шнајдер, АРД-Студио Вашингтон; обработка: БЈ

 

Back to top button
Close