МОН го уназадува справувањето со насилството во училиштата – реагираат граѓанските организации
Министерството за образование и наука (МОН) наместо да преземе мерки за физичкото насилство што се случува во училиштата, воспоставува политики што го уназадуваат справувањето со него и создава средина во која тоа заедно со предрасудите ќе бидат толерирани и несанкционирани, велат од Мрежата за заштита од дискриминација и Платформата за родова еднаквост.
На 7 јули годинава, МОН усвои нов Правилник за начинот на пријавување и заштита на ученик-жртва на која било од формите на насилство, злоупотреба и заменатување. Овој правилник, како што пишува во рекацијата од гражанските организации претставува директно уназадување на напорите од 2019 и 2020 година, кога со поддршка на експертската и граѓанската заедница беше изработено упатство усогласено со европските стандарди и меѓународните обврски на државата.
„Новиот Правилник ќе биде погубен за напорите за справување со насилството, нема да даде резултати и нема да превенира нови случаи на насилство. Ги лишува учлиштата од можноста да ги препознаат мотивите зад насилство и да преземаат ефикасни мерки за превенција, оставајќи го целиот систем пред најчестите форми на дискриминација и насилство“се вели во реакцијата на граѓанските организации.
Сметаат дека МОН го усвоило Правилникот без консултација со здруженија што работат на темата насилство во училиштата и помеѓу врсници, што е спротивно на Кодексот на добро практики за учество на граѓанскиот сектор на креирање политики, како и со препораките на Комитетот на министри на Советот на Европа.
„Иако мрежите реагираа уште од моментот на најава на измените на Законот за основно образование, МОН упорно ги игнорира овие укажувања и продолжува да носи одлуки зад затворени врати“велат од организациите.
Потоа, додаваат дека Правилникот е спротивен на стандардите за човекови права и слободи, односно дека во формуларот за пријавување на насилство се исклучени неколку елементи.
„Во него се тргнати прашањата дали насилството е родово-базирано насилство или пак, насилство врз лична карактеристика (сексуална ориентација, род, родов идентитет итн.) и дали насилството е мотивирано од омраза и/или предрасуди“пишува во рекацијата од Мрежата за заштита од дискриминација и Платформата за родова еднаквост.
Со тоа, како што се додава, во борбата да ги избрише ЛГБТИ-децата од образовниот процес, МОН со Правилникот го исклучува и препознавањето на сите маргинализирани категории, како децата од серомашни и економски помалку моќни семејства, децата што живеат со еднородителски или неконвенционални семејства, како и децата што биле жртви на насилство.
Бараат од МОН да го ревидира Правилникот со што родово-базираното насилство, насилството од омраза, родовите стереотипи и дискриминацијата врз маргинализираните заедници ќе бидат препознаени.