Коњановски- Ќе лета директорката на основното училиште ако згрешила со наставникот кој држел настава без договор

Градоначалникот на Битола најавува дека доколку директорката на училиштето каде без договор работел наставник згрешила, таа ќе одговара.

,Почитувани,

Сакам да ја информирам јавноста дека внимателно ги следам случувањата со наставникот од ОУ „Тодор Ангелевски“ кој денеска преку медиуми информираше за неговиот случај со работното ангажирање.

Дадов налог до општинскиот инспектор за образование да ги провери наводите изнесени од страна на наставникот и доколку се утврди дека се точни и вистинити, ќе покренам постапка за разрешување на директорката на училиштето.

Сепак, да оставиме работите да се одвиваат согласно процедурите.

Ви благодарам”, објави Тони Ќоњановски, градоначалник на Битола.

Судот ќе расчистува македонски образовно – менаџерски заврзлами

Извор: expres.mk

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close