ВЛЕН: Просрпскиот собир во Куманово го организираше пријателот на Бујар Османи, почесниот конзул Владимир Стајиќ

„ДУИ е последната партија што може да зборува за српско влијание. Тоа се луѓето кои го донесоа Отворен Балкан во Северна Македонија, проект кој му служеше на Вучиќ, го заобиколи Косово и се обиде српската доминација во регионот да ја продаде како „економска соработка““, велат од ВЛЕН.

„Затоа, наместо да прават политички циркус со обвинувања кон ВЛЕН, ДУИ нека ги запре хистериите и јавно нека одговори за своите политички врски и пријателства со луѓе како Владимир Стајиќ, име кое се поврзува со организирање собири за поддршка на Вучиќ. Нека им кажат на Албанците кој е овој човек, зошто е пријател на Бујар Османи и што бара кругот на ДУИ во близина на организаторите на просрпските собири.

ВЛЕН не прима лекции од партијата што патриотизмот го претвори во семеен бизнис, а албанштината во покривка за политички пазарења. Кога имаат власт, прават пазарења. Кога ја губат власта, креваат хистерија дека „албанштината е загрозена“.

Ние сме против секое српско влијание и против секој обид Северна Македонија да се оддалечи од евроатлантскиот пат. Но, исто така, бевме и остануваме против дволичноста на ДУИ, која преку ден се продаваше како патриотска, а навечер правеше политички пазарења на штета на Албанците.

ДУИ нема проблем со „српскиот свет“. ДУИ има проблем само кога Албанците ќе им потсетат дека Отворен Балкан не го донесе ВЛЕН, туку тие што Вучиќ го среќаваа во Охрид, го испраќаа до Свети Наум, а потоа на Албанците им го продаваа како регионален партнер“, посочуваат од партијата.

Back to top button
Close