Велосипедист прегазен кај Мавровка

Автомобил удри во велосипедист кај Мавровка, потврдија од МВР за „Фокус“.
Денеска (23.05.2026) во 13:56 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.”Гоце Делчев” во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило “фолксваген тигуан” со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Р.(52) од Скопје и велосипед управуван од П.Д.(66) од Скопје кој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники “Мајка Тереза”.
Извршен е увид од екипа на СВР Скопје.
Извор: fokus.mk






