Земјотрес со јачина од 7,4 степени го погоди источниот брег на Камчатка
Земјотрес со магнитуда од 7,4 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди источниот брег на Камчатка, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
По силниот земјотрес беше прогласена опасност од цунами на Камчатка и Курилските острови, соопшти гувернерот на рускиот регион Владимир Солодов.
Според руската геофизичка служба, јачината на земјотресот била 6,3 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот се наоѓал на 123 километри од Петропавловск Камчатски, на длабочина од 46,8 километри.