Ким Џонг Ун: Северна Кореја ќе ја претстави својата нуклеарна политика на претстојниот партиски состанок
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека земјата ќе ја претстави својата политика за заеднички развој на нуклеарно оружје и конвенционална воена моќ за време на претстојниот клучен состанок на владејачката Работничка партија на Кореја.
За време на инспекција на центри за истражување на оружје, Ким изјавил дека „9-от конгрес на Работничката партија на Кореја ќе претстави политика за истовремено промовирање на изградбата на нуклеарни и конвенционални вооружени сили во областа на изградбата на националната одбрана“, јавија локланите државни медиуми.
Ким, исто така, набљудувал вежба со пукање на севернокорејската војска и извршил инспекција на градилиште на болница.