Дуплантис: Пресреќен сум,сакав да заминам од Токио со светски рекорд

Пресреќен сум“, изјави шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис откако вечерва го одбележа третиот ден од Светското првенство во Токио, соборувајќи го светскиот рекорд во скок со стап, кој сега изнесува 6,30 метри.

 

„Навистина уживав последните две недели во Токио. Толку многу уживав во сè. Чувствував дека единствениот начин да ја напуштам Јапонија е да поставам светски рекорд“, рече 25-годишниот Швеѓанец кој е роден во Соединетите Држави.

 

Откако ја обезбеди победата и третата последователна светска титула со скок од 6,15 метри, Дуплантис побара летвичката да биде поставена на височина од 6,30 метри, еден сантиметар повисоко од неговиот претходен светски рекорд, кој го постави во Будимпешта минатиот месец.

 

Во првиот обид воопшти не беше блиску да ја прескокне летвичката, многу блиску во вториот, а во третиот беше успешен, поставувајќи светски рекорд по 14. пат во кариерата.

 

„Немав намера да го чекам третиот обид. Идеално ќе беше да ја прескокнам летвичката од првиот обид, но автоматски станува малку позабавно кога ќе го направам тоа од последниот обид“, додаде низ насмевка Дуплантис.

 

Швеѓанецот го постави светскиот рекорд на истиот стадион каде што го освои своето прво олимписко злато во 2021 година. Тогаш во услови на пандемија пред празни трибини, а овој пат на Олимпискиот стадион во Токио имаше поддршка од речиси 60.000 гледачи.

Back to top button
Close