СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го награди виновникот за „Дрисла“ со носител на советничка листа за Скопје
Опозицискиот СДСМ ја обвини владејачката ВМРО-ДПМНЕ дека им удрила шлаканица на скопјани со тоа што го наградила виновникот за она што периодов се случува со депонијата „Дрисла“.
Од партијата конкретно алудираат на одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да го предложи претседателот на Управниот одбор на ЈП „Дрисла“, Даме Димитровски, за кандидат за носител на советничката листа за Скопје на локалните избори, чиј прв круг ќе се одржи на 19 октомври.
„После сите токсични чадови и еколошка катастрофа што ја трпат скопјани, ВМРО-ДПМНЕ го наградува човекот кој има одговорност за ‘Дрисла’. Ова е невиден скандал и навреда за скопјани. Тој што е одговорен и што управува со ‘Дрисла’ да биде носител на листа. ВМРО-ДПМНЕ арогантно се исмева со скопјани и ги понижува“велат од опозициската партија.
Инаку, Даме Димитровски е и актуелен советник на премиерот Мицкоски за животна средина во Владата.
ВМРО-ДПМНЕ вчера ја објави кандидатската советничка листа за Скопје, чиј носител е Димитровски