Путин пристигна во Нижни Новгород на руско-белоруските воени вежби „Запад 2025“

Рускиот претседател Владимир Путин денеска пристигна на полигонот Мулино во регионот Нижни Новгород за да ги набљудува заедничките руско-белоруски воени вежби „Запад 2025“, јавија руските и британските медиуми.

Облечен во воена униформа, Путин ги слушна извештаите од министерот за одбрана Андреј Белоусов и неговиот заменик.

Путин рече дека маневрите „Запад 2025“ имаат за цел да разработат елементи на одбраната на Сојузната држава Русија и Белорусија од било каква агресија.

„Целта на вежбата е да се разработат сите потребни елементи за безусловна одбрана на суверенитетот и територијалниот интегритет, за одбрана на Сојузната држава од каква било агресија“, рече рускиот претседател, обраќајќи се пред учесниците на маневрите.

Според него, елементите на вежбите се одржуваат на 41 полигон за обука, во кој учествуваат 100.000 војници и околу 10.000 системи и опрема за оружје.

„Покрај тоа, се користи модерна технологија, применета во практични борбени активности, а плановите на вежбите се базираат на искуството стекнато при спроведување на специјалната воена операција. Има околу 10.000 примероци од разновидна опрема, вклучувајќи 333 авиони од тактичката, стратешката и воено-транспортната авијација. Се користат и повеќе од 247 бродови: површински, подводни и помошни“, нагласи Путин.

Според рускиот претседател, на вежбата „Запад 2025“ пристигнале  и учестуваат 25 странски делегации, од кои 16 испратиле свои претставници за набљудување, а шест испратиле воени контингенти за учество во стратешката вежба

Back to top button
Close