ЕК : Тврдењата дека ЕУ или земјите-членки охрабруваат протести во Србија не се точни
Тврдењата дека ЕУ или земјите-членки охрабруваат протести едноставно не се вистинити“ – така Европската комисија го коментираше за „Време“ соопштението на Службата за надворешно разузнавање на Русија за вмешаноста на ЕУ во протестите во Србија и подготовката на српскиот Мајдан.
Службата за односи со медиумите на службата за надворешно разузнавање на Руската Федерација во понеделникот објави дека сегашните немири во Србија со активно учество на млади луѓе се во голема мера производ на субверзивни активности на Европската Унија и нејзините земји-членки, и дека ЕУ, и со поддршка на медиуми, подготвува „српски Мајдан“.
„Ова е уште еден обид на Русија да шири дезинформации и непријателска политичка реторика против ЕУ, нејзините земји-членки и земјите-кандидатки. Жалиме што овој наратив интензивно се засилува од бројни српски медиуми“, напиша за Време портпаролот на ЕК во одговорот.
Како што се додава, според препораките на ЕК во Пакетот за проширување од 2024 година, „манипулацијата и мешањето на странски информации, вклучително и анти-ЕУ наративи пропагирани од бројни медиуми“, и ширењето на дезинформации, „остануваат загрижувачки прашања на кои треба итно да се одговори“.
„Српската влада мора да преземе поголема одговорност за сузбивање на дезинформациите и сè уште не обезбедила попроактивна и објективна комуникација за ЕУ и процесот на пристапување на Србија“, се наведува во одговорот на ЕК.
Се додава дека, како што неодамна изјави комесарката за проширување Марта Кос во Европскиот парламент, Србија е земја-кандидат за ЕУ.