Хибридните напади биле „мулти странични напади“. Тошковски сепак застанa зад теоријата на Мицковски за центри кои не напаѓаат
Не е точно дека не сум се согласил со премиерот за хибридни напади изјави вечерва за тв Сител откако неколку дена во неговите изјави имаше различно мислење од тврдењето на премиерот дека не напаѓаат домашни и странски центри.
Земјата според него се соочува со серија големи пожари на депонии,складишта со опасен отпад и голем пожар на автомеханичарска работилница се „мулти странични напади“
. Не сум имал несогласување со премиерот за „хибридни напади“ како што медиумите известуваа. Прашан дали тие како што ги вели странични напади се од домашни или од странски центри и ако ги има од која земја се Тошковски одговори дека не би можел во интерес на истрагата да коментира.
Откако на повеќе прашања остана со одговор „во интерес на страгата“ не би можел да одговорам Тошковски рече дека сега е воздржан но јавноста на крај ке ја дознаела вистината кои се тие центри не отфрлајки дека нападите се од политички мотиви.
Денешново гостување на министерот во вестите на тв Сител е по денешната најава за протест пред МВР по страшните убиства во Велес на 31 годишната Росица и нејзиниот татко од нејзиниот поранешен партнер.
Жртвата Росица заканите и малтретирањата ги пријавувала во полиција и во обвинителство дури 8 пати но освен забрана да и се приближува која не ја почитувал ни полицијата ни обвинителството не сториле ништо да ја заштитат. Тошковски на старт го отфрли барањето за негова оставка оти тоа според него било злонамерни и се замајувала јавноста.
Кој одредува притвор , кој поднесува обвинение.МВР не е таа институција,тоа е работа на судот и обвинителството.МВР неможе да има вина што наместо да биде во затвор партнерот на Росица добил само условна казна од судот а обвинитлството не побарало притвор.
Министерот нервозно одговори дека адресата за барање вина во МВР не е вистинската но сепак внатрешната контрола ќе провери како било постапувано со пријавите на Росица во полиција,дали биле последени на време и слично.