Видео: Протест против насилството врз жените: “Ниту една повеќе!”

Пред МВР, граѓани се собраа на протест бидејќи сметаат дека институциите се виновни за фемицидите во Македонија. Иницијалната каписла за ова е убиството на Росица Коцева од Велес, убиена заедно со нејзиниот татко, од страна на поранешниот парнтер Илија кој се самоубил. Присутните упатија барања, „институционална одговорност и санкции, бараме оставки дисциплински постапки за полицајци, обвинители, вработени во Центрите на социјалните работа“. Потоа, упатија порака да се направат обврзувачки протоколи за полицијата, судството, обвинителството, Центрите за социјална работа. На протестот се скандираше: „Ниту една повеќе“.

Се собираме скршени од тага, и разбеснети од колективниот крах на системот, игнорантскиот однос кон жртвите на насилство, кој доведува до фемициди. Се случи уште еден фемицид и сите институции кои минимизираат и релативизираат со години, поттикнуваат и дозволуваат насилство врз жените се виновни. И полицијата, и Центрите за социјална работа, и Обвинителството, и судовите. Образовниот систем наместо да промовира родова еднаквост и емпанија, со својот пристап придонесува кон креирање на сексисти и насилници. Покрај страшната некоординираност, и затајувањето на институциите, кон фемицидирите придонесуваат молкот, стигмата и срамот, немањето чувство за колективна одговорност“, рече активистка.

Росица немаше да биде убиена, ако се постапувало по протоколи, ако криците за помош беа слушнати, а реакциите беа навремени. Доколку сите претходни пријави од нејзиниот убиец, од неговите претходни жртви, беа сфатени сериозно. Каде се тие пријави? Постапил ли некој по нив или растела листата? Државата во која живееме, создава совршени услови, насилниците да просперираат, додека ние се плашиме и криеме, додека се плашиме за нашите животи“, додаде таа.

.

 

Back to top button
Close