(Видео)ЦУК: Спасувачка акција на повредено лице над Горно Јеловце.Префрлен е до скопскиот клинички центар.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска во 17:24 часот добил пријава за едно повредено лице при превртување на теренско возило на планинскиот пат над село Јеловце, општина Врапчиште. Веднаш за настанот се известени полициските станици Гостивар и Галате.

-Пријавата е добиена преку Едиствениот број за итни повици. Бидејќи теренот е тешко пристапен за возило на Итна медицинска помош, по барање на директорот на ЦУК, Мухамед Али, ДОЦ достави барање до Министерството за внатрешни работи за ангажирање на хеликоптер и специјални единици (алпинисти) за спасување на повреденото лице, соопшти ЦУК.

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека за случајот е пријавено во 17:24 часот, по што веднаш е побарано ангажирање на полициски хелокоптер и специјални единици (алпинисти) за спасување на повреденото лице.

И Министерството за внатрешни работи (МВР) информираше за случајот, испраќајќи и видео од спасувачката акција.

Оттаму додаваат дека со повреди се здобил А.Џ., кој со полициски хеликоптер е транспортиран до Клиничкиот центар во Скопје.

 

Back to top button
Close