Повик за поддршка на домаќинства од населба Лисиче за воведување на мерки за енергетска ефикасност

Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во партнерство со Град Скопје и Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), објавува повик за избор на домаќинства во населба Лисиче кои ќе бидат поддржани со грант во висина до 10.000 американски долари, за воведување мерки за зголемување на енергетска ефикасност на своите домови и на таков начин да се придонесе кон намалување на загадувањето на воздухот.

Проектот поддржува спроведување на енергетско-ефикасни мерки во најмалку 100 домаќинства во висина до максимум 10.000 американски долари по домаќинство, во денарска противвредност, и тоа во вид на материјали и опрема, а не како директни финансиски трансфери на избраните домаќинства.

Повикот е отворен до 15 септември и право на учество имаат сите физички лица со постојано место на живеење во областа означена на мапата подолу или во нејзина непосредна близина, кои поседуваат индивидуален објект за домување – куќа или дел од куќа, за кој постои доказ дека е во сопственост на апликантот.

Пополнетата пријава треба да се достави во оригинален примерок и копија во затворен плик со назнака за „Повик за поддршка на домаќинства од Населба Лисиче“, најдоцна до 15 септември 2020 година на следната адреса: Програма за развој на Обединетите нации (УНДП), Јордан Хаџи-Константинов Џинот бр. 23, Скопје

Финансиската поддршка за воведување на овие мерки е обезбедена од страна на Владата на Шведска преку проектот „Справување со загадувањето на воздухот во градот Скопје“.

Back to top button
Close