Кремљ: Изјавите за соборување руски авиони се сериозна ескалација

Кремљ денеска соопшти дека изјавите за соборување руски борбени авиони над Европа се „необмислени, агресивни“ и претставуваат сериозна ескалација на тензиите во близина на руските граници.

– Изјавите дека треба да се соборуваат руски авиони се најблаго кажано – необмислени, неодговорни и, секако, опасни поради своите последици, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков за државната телевизија.

Тој додаде дека она што се случува во Европа е „механизам на самонаметнување на тензии“. – Тие сами измислуваат прашања и даваат неодговорни изјави, рече Песков.

Блумберг претходно јави дека европски дипломати ја предупредиле Москва дека НАТО е подготвена да одговори со целата своја сила на нарушувањата на воздушниот простор, вклучително и со соборување руски авиони.

Песков повтори дека руските авиони не го нарушиле естонскиот воздушен простор минатата недела. – Обвинувањата за нарушување на естонскиот воздушен простор не беа поткрепени со никакви убедливи докази, изјави тој.

– На вакви неодговорни и агресивни декларации – ова е уште еден суштински круг на ескалација на тензиите покрај нашите граници, додаде портпаролот

Back to top button
Close